13 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПОРАСНА ВРЕДНОСТА НА ДОЛАРОТ: Како се одрази на цената на нафтата на...

ПОРАСНА ВРЕДНОСТА НА ДОЛАРОТ: Како се одрази на цената на нафтата на светскиот пазар?

Цените на нафтата на светскиот пазар паднаа за повеќе од еден процент.

Во Лондон цената на сировата нафта од типот Брент од Северното Море е пониска за 1,10 долари или 1,4 долари и сега изнесува 75,86 долари за барел, пренесува Ројтерс.

Во Њујорк цената на лесната сурова нафта падна за 97 центи или 1,3 отсто, на 71,86 долари за барел.

Американскиот долар се искачи на највисокото ниво од 17 март во однос на другите валути по објавувањето на пониски од очекуваните податоци за невработеноста и оптимизмот дека може да се постигне договор за зголемување на плафонот на долгот.

Посилниот долар влијае на побарувачката на нафта бидејќи го прави овој енергенс поскап за сопствениците на други валути.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП