2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВИЗ ЕР И ТАВ Македонија најавуваат експанзија со нови авиолинии и 6-ти...

ВИЗ ЕР И ТАВ Македонија најавуваат експанзија со нови авиолинии и 6-ти авион во базата на скопскиот аеродром

⦁ Вкупно шест авиони ќе бидат сместени на Меѓународниот Аеродром Скопје од декември 2023 година
⦁ Две нови авиолинии и зголемена фреквенција на постоечки 9 дестинации од Меѓународниот Аеродром Скопје
⦁ Виз ер дополнително ја зголемува својата мрежа од Северна Македонија на вкупно 35 авиолинии, летајќи со досега најголемиот распоред во 2023 година и ја зајакнува својата позиција како најголема авиокомпанија во земјата

Виз ер, најголемата авиокомпанија во С. Македонија и еколошки најодржливата авиокомпанија на глобално ниво денеска најави дополнително проширување доделувајќи уште еден воздухоплов во својата база во Скопје, известува ТАВ Македонија, компанијата која управува со двата македонски аеродроми – Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид.

Виз ер ќе отвори две нови авиолинии од Скопје, до Љубљана и до Луксембург, закажани за претстојната есен и зима и ќе додели уште еденавион во Скопје со што ќе ја зголеми својата база во македонскиот главен град на вкупно воздухоплови од декември 2023 година.

Авиокомпанијата ќе ги зголеми и фреквенциите на девет постоечки авиолинии, на своите летови од Скопје до: Дортмунд, Бремен, Меминген, Берлин, Карлсруе/Баден-Баден (Германија), Рим Фиумичино (Италија), Брисел Шарлроа (Белгија), Братислава(Словачка) и Ајндховен (Холандија). Летови за Берлин, Ајндховен и Брисел ќе има секој ден.

Авиобилетите се веќе достапни на веб-страницата wizzair.com или пак на мобилната апликација Wizz Air’s mobile app.

Среќни сме што ги проширивме нашите воздушни операции во Скопје и поради тоа што воведуваме нови рути до Луксембург и до Љубљана. Северна Македонија има значајно место во огромната мрежа на Wizz Air и ние сме горди што сме лидер на пазарот во земјата. Со зголемување на нашитефреквенции на девет рути и понудените новидестинации, имаме за цел да им обезбедиме нанашите патници неспоредлива конекција и искуства од патувањата. Би сакал да им сезаблагодарам на нашите колеги од МеѓународниотАеродром Скопје за нивното одлично партнерствокако и на Министерството за транспорт и врскиза поддршката во работењето со нас за изградбана подобра воздушна поврзаност на СевернаМакедонија“, изјави Роланд Тишнер, Извршен директор и офицер за операции во Виз ЕрУнгарија. 

Во ТАВ Македонија сме среќни со оваа добра вестдека Wizz Air донесе одлука да го смести шестиотавион во нивната база на Меѓународниот АеродромСкопје. Овој чекор ќе резултира со севкупен растна скопскиот аеродром што ќе го направи нашиотаеродром уште поатрактивен избор за деловни и рекреативни патници. Сместувањето на шестиот авион во базата е пресвртница што ја означува довербата на нашите партнери кои ни ја даваат како аеродромски оператор. Тоа ќе биде ново поглавје во нашето патување кон извонредност и ќе послужи како катализатор за понатамошен раст и развој. Со нетрпение очекуваме да ја прифатиме оваа можност и да обезбедиме исклучително искуство и за авиокомпанијата и за нашите ценети патници. Бисакал да се заблагодарам и на Виз ер за нивнатаодлука и на Министерството за транспорт и врски за континуираната поддршка“, изјави НеџатКурт, Генерален директор на ТАВ Македонија.

Со оваа најнова експанзија, Wizz Air ја зацврстувасвојата позиција како лидер на пазарот, нудејќиширока мрежа на авиолинии и беспрекорни конекцииод Скопје: вкупниот број на авиолинии наавиокомпанијата од Северна Македонија сегаизнесува 35, вклучително со двете новонајавени. Одлуката на авиокомпанијата да додели дополнителен авион во Скопје ја поткрепува нејзината посветеност за поддршка на локалната економија, туризмот и бизнис-секторите. Служејќи како значајна инвестиција на пазарот, оваа распределба ќе отвори десетици нови директни и индиректни работни места во земјата, вклучително и позиции за пилоти и кабински екипаж, покрај над 250 лица кои веќе се директно вработени во Wizz Air воСеверна Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП