„Ford Tourneo Courier“ е сестрано возило за секоја пригода, модел кој стилски се заснова на SUV класата, но нуди многу повеќе
Во основа, тоа е патничката верзија на лесното комерцијално возило на „Ford“.
Сепак, сега во патничкото издание го носи добро познатиот дизајнерски потпис „Active“, кој визуелно го става покрај класичните кросовери, па дури и „SUV“ моделите.
Друга важна работа е што, покрај електричните, „Ford“ ќе понуди и класични верзии придвижувани од мотори со внатрешно согорување. Електричната верзија ќе се разликува по LED лента помеѓу светлата и поатрактивна верзија на логото.
Патничката кабина на електричниот модел е копија на онаа што може да се види кај моделот „E-Tourneo Courier“ со дигитален кокпит и мултимедијален систем „SYNC 4“.
На клиентите им се нуди и опција за „UTA“ (over-the-air) ажурирања. Во електричната верзија има и преден багажен простор (под хаубата) со зафатнина од 44 литри, а багажникот сега е за 44 отсто поголем од неговиот претходник.
„Ford E-Tourneo“ ќе биде придвижуван од електричен мотор од 100 kW (136 КС), кој нуди неколку начини на работа и можност за возење со контрола со едната нога, како системот за е-педали на „Nissan“.
Капацитетот на батеријата е непознат, а моќноста на полнење е до 100 kW.
Потребни се 5,7 часа за полнење од 10 до 100 проценти од капацитетот на домашен полнач од 11 kW, додека само 35 минути се доволни на брз полнач за полнење од 10 до 60 проценти од капацитетот.
Во превод, 10 минути на ваков полнач носат 87 километри домет.
Според достапните информации, списокот за нарачки за „Tourneo Courier“ се отвора летово, а првите испораки треба да започнат до крајот на годината.
Следната година ќе следи електрична верзија, заедно со уште девет електрични модели на „Ford“.