27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРегулативата на ЕУ за криптовалути ја помина процедурата, наскоро стапува на сила

Регулативата на ЕУ за криптовалути ја помина процедурата, наскоро стапува на сила

Советот на ЕУ штотуку ја усвои Регулативата за пазари на крипто средства (MiCA), која ја воспоставува правната рамка за секторот за прв пат на ниво на Европската унија.

За оваа регулатива известувавме од нејзиното прво презентирање, до усвојувањето на нејзиниот конечен текст во Европскиот парламент минатиот месец. Сега MiCA ја помина последната пречка, односно беше договорена на состанокот на министрите на земјите членки во рамките на Советот и е подготвена да стапи на сила.

Регулативата за пазарите на крипто средства ќе ги заштити инвеститорите преку зголемување на транспарентноста и воспоставување сеопфатна рамка за издавачите и давателите на услуги, што вклучува усогласеност со правилата за спречување на перење пари – барем таква е намерата на законодавецот во овој случај.

Издавачите на кориснички токени, токени со средства и стабилни коини се опфатени со новите правила. Опфатени се и давателите на услуги како што се места за тргување и паричници каде што се чуваат крипто средствата. Целта на регулаторната рамка е да ги заштити инвеститорите и да ја зачува финансиската стабилност, а во исто време да овозможи иновации и да ја зајакне атрактивноста на секторот за крипто-сопственост, велат од Советот.

Во Европската унија ова е првпат да се воведува усогласена регулаторна рамка, која, со оглед на глобалната природа на пазарот на криптовалути, претставува подобрување во споредба со сегашната ситуација каде националното законодавство постои само во некои земји-членки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП