Уапсен е првиот човек на украинскиот Врховен суд под сомнение за примање мито, соопшти Обвинителството на специјалната канцеларија за борба против корупцијата во земјата. Обвинителот не го соопшти името на уапсениот.
Националната антикорупциска канцеларија на Украина објави дека е откриена корупција од големи размери во Врховниот суд. Тие тврдат дека судиите и другите лидери на Врховниот суд на Украина добиле незаслужени исплати.

