19 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗИ германците мамат: Секој четврти продавач на половни автомобили не е искрен

И германците мамат: Секој четврти продавач на половни автомобили не е искрен

На пазарот на половни автомобили целта е да се постигне најдобра можна цена, па продавачите понекогаш не бираат средства.

Според истражувањето на 2.300 испитаници од платформите за купување автомобили Heycar и YouGov, речиси секој четврти возач во Германија (23 проценти) мамел кога го продавал својот користен автомобил за да добие повисока цена за својот автомобил.

Во повеќето случаи, гребаниците биле козметички отстранети (12 проценти), а мирисот на цигарата бил прикриен (6 проценти).

Иако околу три четвртини (74 отсто) од анкетираните изјавиле дека никогаш не биле измамени, 39 отсто од купувачите на половни автомобили се убедени дека биле измамени кога купувале користено возило.

Дури 17 отсто рекле дека несреќите и штетите на автомобилот не биле искрено пријавени, додека осум отсто од клиентите биле сигурни дека километражата на нивниот автомобил е лажирана.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП