20 април, 2024
ПочетнаСВЕТРусите жестоко го нападнаа Киев, користеа крстосувачки ракети, има повредени

Русите жестоко го нападнаа Киев, користеа крстосувачки ракети, има повредени

Руските сили извршија „исклучително интензивен“ воздушен напад врз Киев рано утринава користејќи беспилотни летала и крстаречки ракети, а можеби и балистички ракети, соопштија градските власти. Ова е осми воздушен напад овој месец.

„Беше исклучително по интензитет – максимален број проектили во најкраток можен временски период“, објави на Телеграм Серхи Попко, шеф на воената управа на главниот град на Украина. „Според прелиминарните информации, повеќето од непријателските цели во воздушниот простор на Киев се откриени и уништени“, додаде тој.

Засега се уште не се знае колку објекти се урнати и дали некои од нив успеале да ги погодат метите. Како што изјавија официјални лица за Ројтерс, утринава урнатини паѓале во областите Оболонски, Шевченкивски, Соломјански и Дарницки во Киев.

Кличко: Тројца повредени во ракетниот напад утринава

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, објави дека остатоците од утринава руски воздушен напад врз Киев запалиле неколку автомобили и оштетиле зграда во населбата Соломјански во западниот дел на главниот град. Повредени се три лица.

Тој додаде дека системите за противвоздушна одбрана одбиле напад на руски дрон јужно од градот Бориспил, кој се наоѓа југоисточно од Киев. Во Бориспил се наоѓа главниот патнички аеродром во Киев, кој беше затворен поради војната.

Воената управа на Киев наведува дека нема значителна штета во другите делови на градот, додека се уште се собираат информации за потенцијално повредени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП