6 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАИрски весник објави коментар напишан од вештачка интелигенција: „Гадно погрешивме“

Ирски весник објави коментар напишан од вештачка интелигенција: „Гадно погрешивме“

Irish Times се извини за објавувањето на колумна која се чини дека е делумно „напишана“ од вештачка интелигенција, во измама за која уредникот рече дека ги истакнува предизвиците со кои се соочува индустријата на весниците.

Руадан Мак Кормаик рече дека весникот „искрено жали“ што коментарот со наслов „Ирската женска опсесија со лажен тен е проблематична“ е објавен во четвртокот наутро.

„Статија и авторска фотографија произведени со AI технологија„

Сега се чини дека написот и придружната фотографија на авторката можеби биле произведени, барем делумно, користејќи генеративна AI технологија. Тоа беше измама – личноста со која се допишувавме не беше она што таа тврдеше дека е. Станавме жртви на намерна и координирана измама“, напиша вчера главниот уредник.

Авторката се вика Адријана Акоста-Кортез, која е опишана како 29-годишна здравствена администраторка од Еквадор која живее во северен Даблин, а текстот е придружен со фотографија од наводниот автор.

Во написот се дискутираше за широката употреба на средства за лажен тен во Ирска. Во петокот попладне неколку луѓе на социјалните мрежи се запрашаа дали се работи за вистинска личност со тоа што ги преиспитуваа фотографијата и името на авторот.

Што вели главниот уредник?

После тоа, текстот беше отстранет и заменет со редот: „Текстот на овој напис е отстранет додека се проверува“. Во писмото до уредникот објавено вчера, Мек Кормаик рече дека весникот станал жртва на намерна измама и тој „не го сфаќа тоа лесно“.

„Тоа беше прекршување на довербата меѓу „Irish Times“ и неговите читатели и навистина ни е жал.

Мек Кормаик рече дека инцидентот го истакна еден од предизвиците што вештачката интелигенција ги поставува за вестите. „Ние, како и другите, ќе научиме и ќе се адаптираме“, додаде тој.

„Гадно погрешивме“

Тој напиша дека Irish Times работи напорно за да произведе провокативни колумни кои „информираат, стимулираат и даваат нова перспектива за актуелните прашања“. Сепак, во четвртокот весникот „гадно погреши“, додаде тој.

„Објавивме онлајн колумна за мислење со наслов „Проблематична е опсесијата на жените од Ирска со лажен тен“, напишана од некој што се идентификуваше како млада имигрантка во Ирска… Во текот на неколку дена, „авторката“ работеше со редакцијата да се разгледаат предлозите за промени, да се понудат лични анегдоти и да се обезбедат врски до релевантни истражувања“.

„Сето ова беше земено со добра волја, а написот беше објавен на интернет во четвртокот наутро“, изјави тој. Мек Кормаик рече дека весникот дознал дека колумната можеби нема е автентична помалку од 24 часа подоцна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП