26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕУ ДАДЕ ЗЕЛЕНО СВЕТЛО: Мајкрософт спрема 69 милијарди долари за купување на...

ЕУ ДАДЕ ЗЕЛЕНО СВЕТЛО: Мајкрософт спрема 69 милијарди долари за купување на Близард

Европската унија денеска ја одобри аквизицијата вредна 69 милијарди долари со која Мајкрософт би ја презел гејмерската компанија Activision Blizzard.

Европската комисија објави дека нивната анализа покажала дека аквизицијата нема да ја намали конкуренцијата, пренесува Блумберг.

Шефот на антимонополот на ЕУ, Маргрет Вестагер, го окарактеризира купувањето како „проконкурентно“ и посочи дека тоа ќе го поттикне пазарот за cloud streaming, кој сега претставува само еден до три отсто од целиот пазар на игри.

Одлуката на ЕУ е спротивна на онаа на Управата за конкуренција и пазари на Велика Британија, која минатиот месец одлучи да го блокира купувањето.

Вестагер рече дека разликата во заклучоците на регулаторите на Обединетото Кралство и ЕУ се заснова на тоа колку брзо ќе се развива овој пазар во иднина.

Таа додаде дека ЕУ верува дека нејзиниот развој ќе потрае повеќе време.

И покрај фактот што ЕУ го одобри купувањето, за да може да помине, тоа мора да биде одобрено од регулаторните тела во ОК и САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП