28 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАТри типа на работни места за кои нема зима: Вас нема да...

Три типа на работни места за кои нема зима: Вас нема да ве замени вештачката интелигенција

Добри вести за одредени професии.

Извештајот на Голдман Сакс од март 2023 година проценува дека новите модели со вештачка интелигенција можат да направат четвртина од целата работа што моментално ја вршат луѓето. Низ Европската унија и САД, се наведува во извештајот, може да се изгубат 300 милиони работни места, пишува Би-би-си.

А тоа би можело да биде страшно, според Мартин Форд, автор на книгата Rule of the Robots: How Artificial Intelligence Will Transform Everything.

„Не се работи само за тоа да им се случува на поединци, тоа може да биде системска работа. Тоа може да им се случи на голем број луѓе, потенцијално сосема ненадејно, потенцијално на сите во исто време. И тоа има импликации не само за тие поединци, туку и за целото општество и економија“, вели Форд.

За среќа, експертите велат дека сè уште има работи за кои вештачката интелигенција не е способна, особено задачи кои вклучуваат изразито човечки квалитети, како што се емоционалната интелигенција и размислувањето надвор од кутијата.

Овие категории се безбедни

„Мислам дека генерално има три категории кои ќе бидат безбедни во догледна иднина“, вели Фот.

-Први би биле работни места кои се навистина креативни, односно работни места кои не се шаблон, туку вклучуваат нови идеи и градење на нешто ново.

Ова не мора да значи дека сите работни места кои се сметаат за „креативни“ се безбедни. Всушност, професиите како што се графичкиот дизајн и работните места поврзани со визуелните уметности би можеле да бидат меѓу првите што ќе исчезнат. Како што вели Форд, „во науката, медицината и правото, како и со луѓе чија работа е да смислат нова правна или деловна стратегија… Мислам дека сè уште ќе има место за човечки суштества“.

Друга изолирана категорија, продолжува тој, се работните места кои бараат софистицирани меѓучовечки односи. Таму ги истакнува медицинските сестри, деловните консултанти и истражувачките новинари. Тоа се работни места „каде што ви треба многу длабоко разбирање на луѓето“. Мислам дека ќе помине долго време пред вештачката интелигенција да има способност да комуницира на начини кои навистина градат односи“.

Третата безбедна зона, тврди Форд, „се работи кои навистина бараат многу мобилност, умешност и способност за решавање проблеми во непредвидливи средини“.

Многу услужни работни места и трговци, како што се електричари и водоводџии, спаѓаат во оваа категорија.

„Ова се работни места каде постојано се соочувате со нова ситуација и веројатно најтешко е да се автоматизираат. За да ги автоматизирате задачите како оваа, потребен ви е научно-фантастичен робот. Ви треба C-3PO од Star Wars“, истакнува Форд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП