3 мај, 2024
ПочетнаСВЕТПоследните изборни резултати во Турција: 99% од гласовите се преброени, сега е...

Последните изборни резултати во Турција: 99% од гласовите се преброени, сега е јасно што ги чека Ердоган и Киличдароглу

Според последните информации, во Турција се преброени повеќе од 99 отсто од гласовите, а претседателот на изборната комисија Ахмет Јенер објави дека разликата меѓу двајцата фаворити – актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговиот противкандидат, Кемал Киличдароглу е околу пет проценти.

Имено, Јенер изјавил дека Ердоган освоил 49,4 отсто од гласовите, а Киличдароглу 44,96 отсто, додека третопласираниот ултранационалист Синан Оган освоил 5,2 отсто од гласовите, пренесува Anadolu Agency.

Според овие информации, извесно е дека вториот круг ќе се одржи на 28 мај, бидејќи ниту еден од двајцата водечки кандидати не добил повеќе од 50 отсто од гласовите.

Потсетуваме, Ердоган синоќа одржа говор на балконот на седиштето на неговата партија во Анакра, во кој рече дека „иако се уште не се јасни точните резултати, ние сме многу напред“. Говорот го искористи и за да го „поттикне“ својот предизвикувач меѓу редови. Тој на почетокот на говорот рече дека „некој е во кујната, а ние на балконот“, алудирајќи на Киличдароглу, кој за време на предизборната кампања објави видеа од својата скромна кујна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП