4 мај, 2024
ПочетнаСВЕТИзбори во Турција: Ердоган води, но предноста се намалува

Избори во Турција: Ердоган води, но предноста се намалува

Турција во неделата излезе на избори кои би можеле да го симнат од власт претседателот Тајип Ердоган по 20 години на власт и да го запрат неговиот сè поавторитарен пат.

Според извештајот на агенцијата Anadolu, во моментов се обработени 70,44 отсто од избирачките места за избор на претседател на Турција.

Ердоган води со 51,06 отсто од гласовите, а зад него е Киличдароглу со 43,12 отсто.

Турската опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) изрази оптимизам за денешните претседателски и парламентарни избори и предупреди дека предвремените резултати не треба да се сметаат за сигурни.

„Досегашната слика е доста позитивна“, рече Фаик Озтрак од ЦХП, пренесува Би-Би-Си.

„Гледаме дека излезноста ќе биде рекордна“, рече Озтрак и повтори дека бројките треба да ги почекаме откако ќе отвориме поголем број гласачки кутии.

Опозицискиот градоначалник на Истанбул Екрем Имамоглу ги повика Турците да не обрнуваат внимание на резултатите објавени од државната агенција Анадолија.

Тој рече дека врз основа на преброените 23,87 отсто гласови води кандидатот Кемал Киличдароглу, пренесува Ројтерс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП