Попладнево се запалила локомотива на пругата кај Велес, јавува ЦУК и додава дека пожарот е се уште активен.
Денеска во ЦУК од ЈП „Македонски железници“ е добиено известување дека околу 15:00 часот помеѓу железничка станица „Рајко Жинзифов“ и Велес се запалила локомотива од товарен воз, и притоа машиновозачот ја откачил локомотивата од вагоните, за да не се прошири пожарот. Заради непристапноста за гаснење на запалената локомотивата со ПП возило таа била гасена со противпожарни пп апарати. Според последната информација во ЦУК, пожарот се уште не е целосно изгаснат, но според известувањето од МЖ гаснењето е при крај.

