6 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈА„Да се фатиме за работа, доста беше зборување“ – Ковачевски со зелено...

„Да се фатиме за работа, доста беше зборување“ – Ковачевски со зелено знаме го означи почетокот на работата на коридорот

Со веење зелено знаме премиерот Димитар Ковачевски денес го означи почетокот на изградбата на Коридорот 10 во Прилеп.

„Сакам да им порачам и на Министерството за транспорт и врски, и на Јавното претпријатие за државни патишта и на ‘Бехтел и Енка’, другари и другарки, дами и господа – да се фатиме за работа, доста беше зборување“, рече Ковачевски во говорот.

Во обраќањето за почетокот на реализацијата на автопатската делница Прилеп – Битола како дел од активностите за изградба на Коридорот 10 д, Ковачевски рече дека изградбата е траен влог и наследство за идните генерации.

Изведбата на делницата Прилеп – Битола како дел од Коридорот 10 д е во должина од 40 километри и заедно со автопатските делници од Коридорот 8 претставува најголема капитална инвестиција во нашата земја.

Според Ковачевски, станува збор за инвестиција, со чија реализација нашата држава, конечно, од кружен тек на Балканот станува вистинска крстосница на Балканот. Инвестиција, со која Северна Македонија ќе биде позиционирана на економската и инфраструктурната карта на Европа, рече премиерот на отворањето.

Посака успешна работа и изведба и на овој Коридор 10 д.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП