3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолкави се минималните плати во регионот и светот?

Колкави се минималните плати во регионот и светот?

Во годината зад нас, во светот беа забележани рекордни стапки на инфлација, кои најмногу ги погодија најсиромашните слоеви на општеството, а меѓу нив најмногу се оние кои примаат минимални плати.

Целта на минималната плата е да се воспостави основно ниво на приход, кое идеално би било доволно за да се обезбедат основните потреби на работниците, како храна, домување, здравствено осигурување… но денес тоа не е случај во огромно мнозинство на земјите во светот.

Во земјите каде што постои, минималната плата ја одредува владата, додека во некои синдикатите и работодавачите преговараат за платите преку колективни договори.

Истражувањето на Пикоди покажува огромни разлики во платите од земја до земја. Додека на работникот во Нигерија му се гарантира минимална плата помала од 70 евра, на работникот во Луксембург ќе му се исплати две илјади евра повеќе.

Како одговор на инфлацијата, речиси сите земји вклучени во истражувањето ја подигнаа вредноста на минималната плата. Се издвојуваат Аргентина и Турција, кои ги зголемија минималните плати за 100 отсто или повеќе од јануари 2022 година.

Турција страда од тековната валутна криза, при што лирата изгуби повеќе од 40 отсто од својата вредност во 2021 година, додека цените на основната храна значително се зголемија.

Аргентина, втората по големина економија во Јужна Америка, како одговор на многу високата инфлација објави три зголемувања на минималната плата во текот на 2022 година.

Во списокот подолу погледнете колкави се минималните плати во земјите ширум светот и колку се зголемени во последната година. Поради големите разлики во бруто и нето приходите предизвикани од различните даночни системи во различни земји, користен е износот на нето платата, т.е. сумата на пари што стигнува на сметката на работникот.

Голем диспаритет има и во висината на минималната плата во земјите од регионот.

Додека работникот со полно работно време во Косово ќе добива од 130 до 170 евра, во зависност од возраста, на работникот во Словенија му се гарантира минимална плата од 878 евра.

Црна Гора ја зголеми минималната плата на 450 евра, додека платите во Босна и Херцеговина (304), Србија (341) и Северна Македонија (327) се приближно исти. Минималната плата во Хрватска е 560 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП