24 јуни, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА100 милиони корисници на ChatOn

100 милиони корисници на ChatOn

onchat

Сервисот на „Samsung“, „ChatON“ сега има база од преку 100 милиони корисници, беше соопштено од оваа компанија. Сервисот е лансиран во октомври 2011-та година, а во мај 2013-та година имаше 50 милиони корисници. За оваа бројка двојно да се зголеми беа потребни само четири месеци.

Растот на сервисот „ChatON“ може да се препише на поддршката која се нуди ширум различни меѓународни пазари и различни оперативни системи, се наведува во соопштението. Но еден од факторите за „ChatON“ да има толкав успех е тоа што е однапред инсталиран на поголемиот дел од уредите „Galaxy“.

„ChatON“ има постојан раст во Индија, Кина и САД, а се популарен станува во Европа и на Блискиот Исток. Овој сервис е дизајниран така што корисниците ќе можат да комуницираат на повеќе јазици, затоа што „ChatON“ моментално поддржува 63 јазици во најголемите земји во светот.

Во Индија на пример, „ChatON“ имаше многу голем раст затоа што поддржува 10 регионални дијалекти, а во план е до крајот на 2013-та година да бидат 13. Дополнителните функции како што е „Ramadan Anicon“ помогнаа сервисот да добие поголема популарност на Блискиот Исток.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП