Сопственикот на Твитер, Илон Маск синоќа објави дека го нашол вистинскиот кандидат за функцијата извршен директор на оваа социјална мрежа, но не откри за кого станува збор.
-Возбуден сум што можам да објавам дека имаме нов извршен директор на Твитер. Почнува да работи за околу шест недели – објави Маск на Твитер. Маск потврди дека ќе ја преземе работата на „извршен претседател и главен технички директор за надзор на производи, софтвер и системи“.
Илон Маск не го откри идентитетот на жената, но Wall Street Journal дознава дека таа е претседателка на глобалното рекламирање и партнерства во NBC Universal, Линда Џакарино.
Како што пишува овој весник, таа е во преговори да стане нов извршен директор на Твитер. Според американскиот весник, Џакарино работела во NBCU повеќе од една деценија и била застапник за изнаоѓање подобри начини за мерење на ефективноста на рекламирањето.
Таа исто така беше еден од клучните играчи во лансирањето на услугата за стриминг сервисот Peacock.