26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАWall Street: Благ пад на индексот

Wall Street: Благ пад на индексот

Wall Street се тргуваше претпазливо во четвртокот, при што Dow Jones и S&P 500 паднаа поради скромните оперативни резултати на Disney и проблемите во регионалните банки.

Dow Jones загуби 0,66 отсто, на 33.309 поени, а S&P 500 загуби 0,17 отсто, на 4.130 поени. Индексот Nasdaq зајакна, пак, за 0,18 отсто, на 12.328 поени.

Најмногу вчера падна цената на акцијата на PacWest Bancorp, откако регионалната банка објави дека нејзините депозити се намалени за 9,5 отсто минатата недела и дека презема чекори за зголемување на ликвидноста.

Ова изврши притисок и врз некои други регионални банки бидејќи инвеститорите не се сигурни која ќе влезе во неволја, а која е стабилна. Индексот KBW на регионалните банки падна за 2,4 отсто.

„Мислам дека проблемите не се прошируваат на целиот сектор, туку од банка до банка. Веројатно ќе има дополнителна консолидација и главоболки за инвеститорите во регионалните банки“, вели Оливер Пурше, потпретседател во Wealthspire Advisors.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП