18 мај, 2024
ПочетнаСВЕТМонструмот од Австрија, кој ја држеше ќерката во ропство и ѝ направи...

Монструмот од Австрија, кој ја држеше ќерката во ропство и ѝ направи седум деца се огласи од затворот: Сакам да живеам 130 години

Сексуалниот престапник Јозеф Фрицл (87) за првпат проговори за својот сон за слобода и во интервју изјави дека мисли дека неговото семејство ќе му прости за неговите злосторства и верува дека повторно ќе се соедини со нив.

Фрицл за „Сан“ изјави дека секогаш мисли на своето семејство и дека е обожавател на кралот Чарлс и дека го гледал на телевизија неговото крунисување.

Во шокантно интервју зад решетки, австрискиот силувач рече дека сака да живее 130 години. Тој нагласи дека секој ден вежба за да биде фит кога ќе биде ослободен и ќе биде со семејството кое го криел 24 години. Опишувајќи ја својата строга диета и план за вежбање, тој рече дека секој ден го започнува со кафе.

„Морам да го имам ова за да се разбудам правилно, а потоа брзо со шолја топло какао. После тоа пијам чај и јадам три јајца, парче тост со шунка и колбаси и сирење. Земам и витамин Ц како магнезиум и цинк“, рече тој.

Фрицл, за кој се верува дека боледува од деменција, рече дека пие и многу вода во текот на денот.

„Неодамна прочитав дека научно е докажано дека луѓето можат да доживеат 150 години ако се хранат и вежбаат правилно. Сакам да живеам 130 години, тоа е мојот план“, рече тој.

Фрицл беше осуден на доживотен затвор во 2009 година, откако беше обвинет за силување, ропство и убиство затоа што ја држел својата ќерка затворена и ја силувал 24 години во Австрија. Ја држел својата ќерка Елизабет затворена во ќелија во семејната куќа во Амштетен, ја силувал и со неа имал седум деца.

Едно бебе починало во 1996 година бидејќи Фрицл одбил да му пружи медицинска нега. Три деца останаа во ќелијата, додека Фрицл преостанатите три ги одгледа со сопругата Розмари (84). Се развела од него кога дознала за ужасните злосторства.

Тој, исто така, верува дека има повеќе вонбрачни деца во странство откако отишол на странски службени патувања. Од австрискиот затвор во Кремс, Фрицл зборуваше за „Сан“ преку својот адвокат.

„Многу ми недостасува семејството. Секогаш мислам на нив и многу би сакал да ги видам моите внуци. Сигурен сум дека еден ден повторно ќе бидеме заедно и мислам дека ќе ми простат за тоа што го направив”, рекол Фрицл.

Тој додал дека му е многу жал за тоа што го направил и се кае за своите злосторства. Не се шета низ затворскиот двор бидејќи има неколку затвореници кои чекаат да го претепаат. Во јуни 2022 година, судот пресуди дека Фрицл мора да остане во затвор со висок степен на обезбедување, откако судијата ги откри плановите да го префрли во полесен затвор.

Неговиот случај привлече меѓународно внимание во 2008 година кога Елизабет и кажа на полицијата дека нејзиниот татко насилник ја држел заробена со години.

Тој ја намамил ќерката Елизабет во ќелија во семејната куќа во 1984 година, кога имала 18 години. Тој и рекол на својата сопруга Розмари дека Елизабет побегнала и се приклучила на култ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП