Група Фершпед АД Скопје за период Јануари-Март 2023 година оствари негативен финансиски резултат искажан во неревидираниот консолидиран биланс на успех.
Вкупните приходи на Група Фершпед АД Скопје во периодот Јануари-Март 2023 година изнесуваат 1.048.249 илјади денари и во споредба со остварените вкупни приходи во 2022 година бележат пад од 6 %.
Оперативните приходи во износ 1.047.292 илјади денари и во споредба со претходната година истиот период бележат пад од 6%. Финансиските приходи за овој период бележат зголемување во однос на истиот период минатата година.
Вкупните расходи на Група Фершпед АД Скопје во период Јануари-Март 2023 година изнесуваат 1.052.156 илјади денари и во однос на истите од минатата година се намалени за 6 %.
Оперативните расходи во износ 1.051.862 илјади денари и во однос на истите претходната година се намалени за 6%.
Финансиските расходи во 2022 година бележат намалување во однос на истите претходната година.
Група Фершпед АД Скопје од работењето во период Јануари-Март 2023 година оствари оперативна загуба во износ од 4.570 илјади денари.
Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.