27 април, 2024
ПочетнаСВЕТТврди дека војната во Украина ќе ја заврши за 24 часа: Што...

Тврди дека војната во Украина ќе ја заврши за 24 часа: Што зборуваше Трамп на CNN?

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, за време на разговор со гласачите организиран од Си-Ен-Ен во средата навечер, ги кажа своите тврдења за изборите во 2020 година, ги обвини другите за насилството на 6 јануари во Капитол и одби да одговори дали сака Украина да победи во војната против Русија.

Трамп се појави на CNN за прв пат од 2016 година. На митинг во Њу Хемпшир, една од првите држави со гласање во американскиот изборен циклус, тој продолжи да го критикува поранешниот потпретседател Мајк Пенс дека не се обидел да ги поништи резултатите од претседателските избори во 2020 година, за кои повтори дека се „наместени“.

Тој исто така изјави дека нема да се заложи за прифаќање на резултатите од претседателските избори во 2024 година и нагласи дека тоа ќе го стори само доколку верува „дека ова се фер избори“.

Малку повеќе од 24 часа откако поротата утврди дека Трамп е одговорен за сексуален напад и клевета на новинарката И. Џин Керол, и и даде отштета од 5 милиони долари, поранешниот американски претседател ги отфрли обвинувањата и повторно рече дека никогаш не се сретнал со Керол, според CNN.

Трамп, исто така, го бранеше својот одложен одговор на настаните од 6 јануари, кога неговите поддржувачи упаднаа во Капитол во обид да ја спречат изборната победа на претседателот Џозеф Бајден.

Тој одби да каже дали сака Украина да победи во војна со Русија.

„Не размислувам за тоа во смисла на победа и пораз, мислам на тоа во смисла да се реши тоа за да престанеме да ги убиваме сите овие луѓе“, рече Трамп.

На новинарско прашање да ја избере страната што би сакал да победи, Трамп повторно одби да даде изјава и вети дека по враќањето на власт ќе ја заврши војната за „24 часа“.

Тој за рускиот претседател Владимир Путин рече дека „направил огромна грешка“ и додаде дека „тој е паметен човек“, пренесува Си-Ен-Ен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП