Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.05/2023 за долгови доспеани до 31.01.2023 и неплатени до 30.04.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
На Листата на должници бр.05/2023 објавени се 1.791 должници – правни лица (повеќе за 68 од претходната листа) и 3.404 физички лица (повеќе за 78 од претходната листа).

