„Renault“ во текот на 2012-та и 2013-та ја обнови својата флота со претставување на потполно нови и редизајнирани стари модели. Од францускиот производител пристигнуваат нови детали за нивните идни планови.
Следниот нов автомобил кој можеме да го очекуваме кон крајот на 2014-та година е новата генерација на моделот „Еspace“. Ова возило ќе биде поставено на новата платформа „CMF2“ која овој производител ја разви во соработка со „Nissan“, а на која е базиран и новиот „X-Trail“.
Што се однесува до дизајнот, „Espace“ би требало да биде заснован на концептот „Initiale Paris“ кој имаше премиера на франкфуртскиот авто-саем.
Новата, четвртата генерација на моделот „Renault Megane“ е планирана за 2015-та година. Семејството на овој автомобил ќе има повеќе членови отколку актуелната верзија, меѓу кои ќе биде и кросовер верзијата. Овој модел во суштина ќе ја претставува верзијата на „Renault“ на втората генерација на „Nissan Qashqai“.
Шефот на дизајн на француската компанија, Лоренс ван ден Акер тврди дека „Megane-crossover“ нема да биде само зголемен „Captur“, како што сите сметаат.
„Овој автомобил ќе има свој сопствен идентитет со кој ќе се издвојува од останатите модели од гамата“, вели ван ден Акер. Тој додаде дека и следната генерација на моделот „Scenic“ ќе биде повеќе ориентирана кон СУВ сегментот, иако ќе ги задржи карактеристиките на мини-ван возилата.
„Моја задача е „Megane-crossover“ и новиот „Scenic“ да бидат доволно различни и да не конкурираат еден на друг“, објаснува Ван ден Акер.
За 2015-та година во план е почеток на продажбата на третата генерација на моделот „Twingo“. Малиот градски автомобил на „Renault“ би можел да има премиера веќе на саемот на автомобили во Париз во есента 2014-та, а на дизајнот би се надоврзал на спортскиот „Twin’Run Concept“.
На крајот Лоренс ван ден Акер откри дека и новата „Laguna“ стилски и концеписки во целост ќе се разликува од актуелниот модел со чија продажба во „Renault“ не беа задоволни.