1 мај, 2024
ПочетнаСВЕТ„СО КЛЕШТИ ЌЕ ТИ ГИ ИЗВАДИМЕ ЗАБИТЕ“ Пригожин упати застрашувачки закани до...

„СО КЛЕШТИ ЌЕ ТИ ГИ ИЗВАДИМЕ ЗАБИТЕ“ Пригожин упати застрашувачки закани до Макрон откако го прогласи Вагнер за терористичка организација

Основачот на Вагнер, Евгениј Пригожин не го криеше гневот од одлуката на францускиот парламент кој неговата група платеници ја прогласи за терористичка организација. Тој испрати директна закана до францускиот претседател Емануел Макрон, пишува Politico.

На прашањето на руските новинари, Пригожин рече дека Вагнер ги спасува луѓето во Централна Африка од француски војници, кои „едноставно ги исмевале“. Вагнерците стекнале силни упоришта во Централна Африка и на тој начин го потиснале француското присуство во тој регион.

„Тие не се само платеници“

-Можеме со клешти да ги отстраниме скапаните заби од таа злобна уста. Можеме да му ги извадиме забите на Макрон и воопшто на секој што истура патогена нечистотија за Вагнер, рече Пригожин.

Во вторникот француските пратеници ја повикаа Европската унија да го стави Вагнер како терористичка група и да користи повеќе правни средства за да ја блокира финансиската активност на Вагнер во Европа.

ЕУ воведе санкции за Пригожин во април минатата година.

-Тие не се само платеници, постои волја да се масакрираат во цивили за политичка корист, да се дестабилизираат институциите – рече Бенџамин Хадад, пратеник од партијата на Макрон, пред гласањето во вторник.

Платениците на Вагнер презедоа активна улога во целосната инвазија на Кремљ на Украина и покрај тековниот јавен политички конфликт меѓу Пригожин и руските претставници на одбраната. Паравоената група е во голема мера вклучена во битката за Бахмут, град во источна Украина, кој беше сцена на жестоки борби во последните месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП