26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВолстрит благо порасна. Попушта инфлацијата во САД

Волстрит благо порасна. Попушта инфлацијата во САД

На Волстрит, S&P 500 порасна во средата, како и Nasdaq, бидејќи инвеститорите беа охрабрени од податоците кои покажуваат дека американската инфлација постепено се намалува. Dow Jones ослабе за 0,09 отсто, на 33.531 поен, додека S&P 500 зајакна за 0,45 отсто, на 4.137 поени, а индексот Nasdaq за 1,04 отсто, на 12.306 поени.

Инвеститорите беа фокусирани на вчерашните податоци за инфлацијата, кои беа во согласност со очекувањата. На месечна основа, потрошувачките цени во април пораснале за 0,4 отсто, додека растот на годишна основа забави од 5 на 4,9 отсто.

Се очекува ФЕД да ги задржи каматните стапки на сегашното ниво

Инфлацијата постепено се намалува откако го достигна својот врв на 9 отсто во средината на минатата година, но сепак е значително повисока од целното ниво од 2 отсто на американската централна банка. Иако не се спектакуларни, новите податоци за инфлацијата го зајакнаа верувањето на инвеститорите дека ФЕД ќе ги задржи каматните стапки на сегашното ниво неколку месеци додека ситуацијата не стане појасна.

„Пазарот реагираше позитивно бидејќи инвеститорите сметаат дека податоците за инфлацијата се малку позитивни. По последното зголемување на каматните стапки, очекуваме ФЕД да не ја заостри монетарната политика во наредните месеци, туку да чека понатамошен развој на ситуацијата“, вели Мајкл Харис, претседател на фондот Quest Partners.

Цените на акциите на европските берзи паднаа

Сепак, при вчерашното тргување немаше јасна насока, па индексите се менуваа на позитивна и негативна територија. Причина за тоа, меѓу другото, е неизвесноста околу преговорите меѓу демократите и републиканците за зголемување на горното ниво на задолжување на државата. Доколку до 1 јуни не се постигне договор во Конгресот, федералните власти нема да можат да ја финансираат работата на некои државни институции.

За растот на S&P 500 и Nasdaq индексот главно придонесе растот на цените на акциите на технолошките гиганти. Цената на Alphabet скокна за повеќе од 4 отсто, додека акциите на Apple и Microsoft пораснаа за повеќе од 1 отсто.

И на европските берзи вчера паднаа цените на акциите. Лондонски FTSE индексот ослабе за 0,29 отсто, на 7.741 поен, додека франкфуртски DAX се лизна за 0,37 отсто, на 15.896 поени, а париски CAC 0,49 отсто, на 7.361 поен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП