Претседателот на Воениот комитет на НАТО, Роб Бауер, изјави денеска дека војната во Украина се повеќе ќе стане битка меѓу голем број слабо обучени руски војници со застарена опрема и помалите украински сили кои имаат подобро западно вооружување.
Бауер изјави дека Русија сега распоредува значителен број стари тенкови Т-54, пренесува Ројтерс.
-Сепак, проблемот е што тие имаат уште многу тенкови Т-54. Она што сега ќе го видиме е дека Русите ќе се фокусираат, односно ќе треба да се фокусираат на количината, поголем број на регрути. Истовремено ќе мобилизираат слабо обучени војници со застарена опрема – рече Бауер.
Во меѓувреме, тврди тој, Украинците ќе се фокусираат на квалитетот, со западни вооружени системи и западна обука на војници.
– Тоа ќе биде голема разлика во наредните месеци – рече Бауер.
Тој посочи дека „нема сомнеж дека НАТО ќе ја поддржува Украина се додека е потребно“.