5 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАПендиков стана Бугарин – Јотова лично му го врачи бугарското државјанство(ВИДЕО)

Пендиков стана Бугарин – Јотова лично му го врачи бугарското државјанство(ВИДЕО)

Бугарската потпретседателка Илијана Јотова лично на официјална церемонија му го врачи бугарското државјанство на Христијан Пендиков.

Јотова рече дека врачувањето и претставува огромна чест и од денес Пендиков ќе има заштита од бугарските институции и станува граѓанин на Бугарија и Европската Унија.

Го нарече Пендиков храбар човек кој останал верен на бугарската самосвест и идентитет.

Пендиков беше претепан во Охрид на 19 јануари, по што ја заврши својата процедура за добивање бугарско државјанство што, како што тврди,  ја почнал во декември минатата година.

Пендиков по нападот беше со државен авион испратен од Бугарија пренесен на лекување во Софија, а по заздравувањето зборуваше дека бил прогонет во Македонија откако пред неколку години станал свесен за своето бугарско потекло.

Во Охрид трае судењето на напаѓачите на Пендиков.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП