21 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРеприза на 2008? Половина од американците се плашат за нивните пари на...

Реприза на 2008? Половина од американците се плашат за нивните пари на банкарските сметки

Речиси половина од американците стравуваат за парите на нивните банкарски сметки поради актуелните превирања во американскиот банкарски систем.

Според истражувањето на Галуп, вкупно 48 отсто од испитаниците се плашат за своите пари, вклучително и 19 отсто кои се „многу загрижени“. Околу 30 проценти од испитаниците „не се премногу загрижени“, а 20 проценти „воопшто не се“ загрижени за парите што ги депонирале на нивните банкарски сметки.

Анкетата покажа јаз меѓу испитаниците со високо образование и оние без диплома. Дури 54 отсто од американците без диплома и 36 отсто од оние со диплома изразиле загриженост за парите на нивната банкарска сметка, пренесува Пословни дневник.

Стравот од губење пари го мачи речиси секој друг испитаник кој живее во домаќинство со годишен приход до 100.000 долари. Во категоријата со повисоки примања загриженост изразиле 40 отсто од нив.

Галуп шпекулира дека граѓаните со пониски приходи и оние без факултетска диплома може да бидат загрижени бидејќи не знаат дека депозитите до 250.000 долари се осигурани од Федералната агенција за осигурување на депозити (FDIC).

Друга можна причина може да биде незадоволството од актуелната администрација или состојбата на американската економија, забележуваат тие. Галуп последен пат ја измери загриженоста на Американците за парите на нивните банкарски сметки во 2008 година, во екот на финансиската криза, со многу слични резултати.

Така, во истражувањето спроведено во септември 2008 година, 45 отсто од американците изјавиле дека се плашат за безбедноста на паричните депозити. Тековната анкета беше спроведена од 3 до 25 април, по пропаѓањето на Silicon Valley Bank и Signature Bank, но пред падот на First Republic Bank.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП