Иако 2023-та година е далеку од својот почеток, „JATO Dynamics“ дури сега го објавува својот целосен извештај за глобалната продажба за минатата година, 2022-ра година, кога беа испорачани вкупно 79,4 милиони нови возила низ целата планета.
Оваа бројка претставува пад од два отсто во споредба со 2021-ва година, при што клучните пазари како Северна Америка, Европа и Кина забележаа пад во 2022-ра година.
Од друга страна, пазарите во развој како Индија, Блискиот Исток, Југоисточна Азија и Африка забележаа раст речиси целосно неутрализирајќи го падот во другите региони. Но, ова не е најинтересната информација од извештајот.
Имено, втор на листата е исто така „Toyota“, поточно моделот „Corolla“ со приближно 992.000 продадени возила минатата година, додека трет е „Tesla Model Y“ со 747.000 глобални регистрации.
Интересно е и тоа што во топ 10 нема модели од европските производители.
Севкупно, „Toyota“ имаше пет модели во првите десет во светот во минатата година.
„Ford“, „Nissan“ и „Honda“ ставија по еден модел во топ-10, додека „Tesla“ имаше два модели на оваа листа.
Погледнете ја листата на најпродавани автомобили во 2022-ра година:
