28 јуни, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕИстражување: Сурфањето на интернет ги штити постарите луѓе од деменција

Истражување: Сурфањето на интернет ги штити постарите луѓе од деменција

Лекарите тврдат дека умереното користење на интернетот во староста може да ги задржи когнитивните функции и да помогне да се спречи развојот на деменција.

Резултатите од истражувањето на научниците од Универзитетот во Њујорк беа објавени во списанието на Американското здружение за геријатрија.

Тие откриле дека редовното користење на интернет „е поврзано со приближно половина од ризикот од развој на деменција во споредба со спорадичната употреба“.

Врската постои „без разлика на нивото на образование на испитаниците, расата или етничката припадност, полот и генерацијата“.

„Онлајн ангажманот може да придонесе за развој и одржување на когнитивните резерви, што пак може да го компензира процесот на стареење на мозокот и да го намали ризикот од развој на деменција“, вели една од авторките на студијата, Вирџинија В. Чанг.

Користејќи ги податоците од Студијата за здравје и пензионирање (HRS), повеќегодишно истражување на возрасни Американци, Чанг и нејзините колеги следеле 18.154 луѓе на возраст од 50 до 64,9 години кои не страдале од деменција во период од речиси осум години.

Откриле дека во тој период на 4,68 отсто од испитаниците им била дијагностицирана деменција.

„Редовното и умерено користење на интернет во доцната зрелост во подолг временски период е поврзано со одложено когнитивно оштетување“, покажаа резултатите од студијата заснована на одговорите на учесниците во истражувањето за нивната употреба на интернет.

Но, ако мислевте дека постарите или која било возрасна група можат подобро да го искористат своето време наместо да сурфаат на интернет, да читаат глупости објавени од повеќето социјални мрежи или да отвораат сомнителни е-пошта, истражувањето го земало и тоа во предвид.

„Несомнено, неопходно е да се соберат дополнителни докази за можните штетни ефекти од прекумерната употреба на интернет“, предупреди тимот на NYU, потсетувајќи дека други претходно спроведени истражувања укажуваат дека, главно кај помладите зависници од интернет, „појавата на намалени вербални вештини, намалена концентрација и оштетување на сивата и белата материја во мозокот“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП