Комисијата за заразни болести ќе препорача укинување и на последните четири задолжителни мерки воведени за заштита од Ковид-19. Укинувањето е по седницата на Светската здравствена организација, но и поради намалувањето на бројот на новозаразени од коронавирус на 66 лица неделно.
„Ковид-19 ќе продолжи да се третира како вообичаена болест. Четирите мерки што предлагаме да се укинат се задолжителното носење маски во болници, во јавниот превоз, во аптеките и во домовите за стари лица и за лица со посебни потреби“, вели Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести.

