4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„UBS“ ја анализира можноста за продажба на дел од „Credit Suisse“

„UBS“ ја анализира можноста за продажба на дел од „Credit Suisse“

„UBS“ истражува опции за продажба на единицата „Credit Suisse-Swiss Bank“ додека ги задржува инвестициските операции, објави „Reuters“, цитирајќи извори. Ова може да се направи преку иницијална јавна понуда (IPO), додава агенцијата.

Пред неколку дена, швајцарското издание „NZZ am Sonntag“ објави дека „UBS“ се подготвува да го раздвои бизнисот на швајцарската единица „Credit Suisse“.

„UBS“ го купи својот помал ривал и договорот го доби благословот на високо ниво на Швајцарија во обид да избегне криза во швајцарскиот банкарски систем. Сепак, договорот доби голем број критики и е под истрага од регулаторите. Спојувањето на двете најголеми банки во Швајцарија создава гигант со вкупна актива од 5 трилиони долари.

Според аналитичарите, обединети двете банки ќе имаат доминантна позиција на кредитниот пазар во земјава. Ова може да бара акција за да се избегнат регулаторни приговори.

Извори на „Reuters“ рекоа дека „UBS“ во моментов е фокусирана на финализирање на договорот и дека опциите за продажба на дел од „Credit Suisse“ сè уште се во многу рана фаза на дискусија. Во оваа фаза и двете банки одбиваат да ги коментираат информациите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП