19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗОва е најлесниот и најмоќниот „McLaren“ (ФОТО/ВИДЕО)

Ова е најлесниот и најмоќниот „McLaren“ (ФОТО/ВИДЕО)

Наследникот на моделот „720S“ го следат бројни суперлативи.

И сите можеме да ги намалиме на заеднички именител: 587 ks по тон маса. Тоа е дури 22 ks повеќе од првиот ривал, вели „McLaren“.

Со овој модел, британскиот производител дефинитивно се враќа во фокусот на љубителите на суперспортските автомобили кои нудат врвни перформанси во шестцифрената цена. Во овој случај станува збор за околу 300.000 евра или околу 10% повеќе од претходникот.

За тие пари, „McLaren“ нуди автомобил без електрична помош, со моќен 4.0-литарски V8 твин-турбо мотор кој ги испраќа сите 750 ks и 800 Nm на задната оска.

Официјалните податоци велат дека 100 km/h достигнува за 2,8 секунди, 200 km/h за 7,2 секунди, а 300 km/h за само 19,8 секунди.

Максималната е 332 km/h, а интересен податок е дека овој автомобил застанува со 200 km/h по 113 метри, а со 100 km/h по само 30 метри.

Покрај купе верзијата, во понуда има и кабриолет, а возењето под отворено небо го „наплаќа“ со нешто полошо забрзување.

Тешко дека ќе им пречи на идните сопственици.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП