Во скоро време „Gmail“ апликацијата за „Android“ ќе прикажува реклами. Ова го тврдат од специјализираното онлајн издание „Android Police“, по гледање на програмскиот код на новата верзија на апликацијата.

И до денес „Gmail“ за „Android“ не покажува никакви реклами. Во програмскиот код на новата верзија на апликацијата, сепак оваа функција е веќе поставена, при и тоа на доста интересен начин.
Рекламите ќе се појавуваат како пораки. Корисникот ќе може да ги задржува огласите, кои му се допаѓаат, и ќе може да ги брише оние кои не сака да ги гледа повеќе. Ќе има и можност за дополнителни поставувања на прикажување на реклами, кои за сега остануваат непознати. Не е познато кога „Google“ ќе ја активира новата функција.
Во новата верзија на „Gmail“ за „Android“ ќе има и други нови карактеристики. Една од нив е автоматско периодично предупредување дека поради некоја причина има неиспратени пораки.
Ќе бидат направени и мали промени во иконите на интерфејсот.