1 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАКвадратчето на кое сите кликнуваме: Како функционира проверката „I am not a...

Квадратчето на кое сите кликнуваме: Како функционира проверката „I am not a robot“?

Ако некогаш сте користеле интернет, сте наишле на класичниот CAPTCHA „I’m not a robot“ или сличен тест. CAPTCHA е кратенка за „Целосно автоматизиран јавен Тјуринг тест за разликување компјутери од луѓе“. Затоа тестот CAPTCHA им служи на корисниците да решат задача што ги одвојува од ботовите.

Сепак, дали овие тестови ги земаме здраво за готово и дали знаеме како функционираат? Дали ботовите се толку неспособни што не можат да притиснат копче?

Накратко – не. Според клип од емисија на BBC, се објаснува дека тестот всушност го следи вашето однесување пред да притиснете копче. Создадени се ботови кои можат да притиснат копче, но им е потешко претходно да лажираат нормално човечко однесување.

Според компанијата за сајбер безбедност Cloudflare, тестот „I’m not a robot“ го следи движењето на курсорот на корисникот додека го движат кон полето, пишува IFLScience.

„Дури и најдиректното движење на човекот има одредена количина на случајност на микро-ниво, што се мали несвесни движења што ботовите не можат лесно да ги имитираат. Ако движењето на курсорот содржи дел од оваа непредвидливост, тогаш тестот одлучува дека корисникот е веројатно легитимен – човек“, пишува Cloudflare на својата страница. „ReCAPTCHA исто така може да ги процени колачињата складирани на вашиот уред од прелистувачот и историјата на уредот за да утврди дали корисникот најверојатно е бот“.

„Да речеме, пред да го штиклирате полето, сте гледале неколку смешни видеа со мачки, сте лајкувале твит или сте ја провериле сметката на Gmail пред да кликнете на CAPTCHA – сето тоа ги наведува да мислат дека сте човек“, се вели во видеото.

Во основа, кога ќе кликнете на полето „I’m not a robot“, и давате инструкции на страницата да ги погледне вашите информации и да одлучи.

Обично тестот е доволен за да ги задоволи условите што ги има програмата кога проверува дали сте, но понекогаш, кога не е сигурен, може да ви даде алтернативни проверки: кажете дали движењето на глувчето е малку прецизно или ако вашата историјата е слична на онаа на класичен (ро)бот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП