Србија носи низа мерки по двата масакри. Претседателот Александар Вучиќ најави дека во секое училиште ќе има полицаец, а затоа, се примаат нови 1.000 лица. Притоа, посочи дека ќе се менува законот за оружје со цел, да се заострат критериумите. Во следните две години нема да се издава ниту дозвола за оружје.
„Досега нашите полициски службеници имаа обврска, пред почетокот на наставата и по крајот, да проверат што се случува во училиштата. Се примаат нови 1.200 полицајци кои ќе бидат во училиштата. Ќе пуштиме над 1.000 полицајци, за да поминуваат време во училиштата, за да покрај обезбедувањето, да има и по еден полицец во училиштата. Со тоа не само што ќе ја подигнеме сигурноста, туку ќе го намалиме врсничкото насилство, што е голема работа. Тие кои ги тепаат послабите од себе, секогаш се плашат од појаките – а државата е најсилна. Не постои мајка и баба кои спиеја во изминатите 48 часа“, кажа Вучиќ.

