25 мај, 2024
ПочетнаСВЕТПригожин: Вагнер ќе го напушти Бахмут на 10 мај

Пригожин: Вагнер ќе го напушти Бахмут на 10 мај

Сопственикот и лидер на руската паравоена формација Вагнер, Евгениј Пригожин денеска изјави дека неговите сили ќе го напуштат украинскиот град Бахмут на 10 мај.

„Во име на борците на Вагнер, во име на командата на Вагнер, изјавувам дека на 10 мај 2023 година ќе бидеме обврзани да ги пренесеме нашите позиции во населбата Бахмут на единиците на Министерството за одбрана и да ги повлечеме остатоците од логистичките логори на Вагнер за да можеме да си ги „излижеме раните“ .

Ги повлекувам единиците на Вангер од Бахмут бидејќи е бесмислено тие да се уништат во отсуство на муниција“, рече Пригожин.

Ројтерс потсетува дека од минатото лето, формацијата Вагнер ги предводи обидите на руската армија да го заземе Бахмут, градот кој беше сцена на најдолгите и, како што се наведува, најкрвавите битки во војната во Украина.

Пригожин објави видео на својот канал „Телеграм“ на кое се гледа како стои среде поле со пченица, опкружен со десетици тела и ги обвинува највисоките воени претставници на Русија за загубите што ги претрпеле неговите борци во Украина.

„Имаме 70 отсто недостиг на муниција. Шојгу! Герасимов! Каде е веќе таа муниција?“, се зборовите што ги извикува Пригожин на тоа видео.

На видеото потоа се гледа како покажува кон телата и вели дека тоа се паднатите борци на Вагнер.

„Ова се момчињата на Вагнер кои починаа денеска. Крвта е уште свежа. Тие дојдоа овде како доброволци и умираат додека вие се дебелеете во вашите канцеларии“, рече Пригожин.

Агенцијата потсетува дека Пригожин минатата година започнал јавна кавга со шефовите на руската одбрана, обвинувајќи ги за неспособност и намерно одземање муниција од Вагнер поради лично непријателство кон него.

Се додава дека во последните недели Пригожин „се воздржувал“ од јавни напади врз Шојгу, иако продолжил да сугерира дека наводниот намерен недостиг на муниција довел до повеќе жртви меѓу членовите на Вагнер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП