Во четвртокот вечерта имаше нова престрелка во Србија во која загинаа осум лица, а најмалку 14 беа ранети. Напаѓачот бил уапсен околу 8 часот во петокот наутро, јавуваат српските медиуми.
Напаѓачот отворил оган кај Младеновац, на четириесетина километри од Белград, а подоцна пукал и во селото Мало Орашје.
N1 Србија известува дека загинале осум лица, а повеќе од десет се ранети. Ова е второ масовно убиство во Србија за само два дена, откако 13-годишник во средата уби осум соученици и чувар во едно белградско училиште, а рани уште шест ученици и еден наставник.
Убиецот Урош Б.(21) пукал со автоматска пушка и пиштол. Прво, на една позиција, тој излегол од автомобилот пукал во група луѓе кои седеле околу камперски оган за пикник. Потоа продолжил со крвавата гозба.
Тој се вратил во автомобилот, дошол на друга позиција на неколку километри и излегол од автомобилот и пукал во четири лица кои ја поправале капијата во дворот и на крајот се вратил во автомобилот. Возел до центарот на селото Дубона и повторно пукал. Таму убил две лица, полицаец кој не бил на должност и неговата сестра.

Убиецот потоа побегнал и во овој момент по него трагаат повеќе од 600 припадници на МУП. Ангажирани се припадници на Управата за криминалистичка полиција, жандармерија, специјална терористичка единица и хеликоптерска единица. Потоа членови од различни организациски единици на полициската управа за град Белград, полициската управа Смедерево, подрачните полициски станици, службените полициски кучиња. Има и дронови и телевизиски камери. Активирани се сите ресурси на Министерството за внатрешни работи. Министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ од синоќа во 23 часот и 15 минути е на терен.