Американската потпретседателка Камала Харис рече дека извршните директори на технолошките компании, вклучувајќи ги Мајкрософт и Гугл, имаат „правна одговорност“ да ја осигураат безбедноста на нивните производи со вештачка интелигенција (AI).
Харис додаде дека и таа и претседателот Џозеф Бајден се отворени за унапредување на новите прописи и поддршка на новите закони за вештачка интелигенција, пренесува Ројтерс.

