2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„BASF“ се држи до своите годишни цели и покрај падот на приходите

„BASF“ се држи до своите годишни цели и покрај падот на приходите

И покрај падот на приходите во првиот квартал, германската хемиска компанија „BASF“ ги потврди целите за цела година.

„Компанијата ја започна 2023-та година подобро отколку што очекуваа аналитичарите. И во стагнација и тешко економско опкружување“, рече извршниот директор Мартин Брудермилер во четвртокот.

За целата година, тој продолжува да очекува пад на приспособената оперативна добивка (Ebit) од 4,8 милијарди до 5,4 милијарди евра (наспроти 6,9 милијарди евра за 2022-ра година). Се очекува продажбата да падне на меѓу 84 и 87 милијарди евра од 87,3 милијарди евра во претходната година.

„BASF“ веќе ги објави прелиминарните квартални податоци на 12-ти април. Прилагодениот оперативен профит падна за 31,5% на 1,93 милијарди евра, но сепак беше многу подобар од очекувањата на аналитичарите. Приходите паднаа за повеќе од 13% на 19,99 милијарди евра поради намалената побарувачка. Развојот на глобалната економија сѐ уште е полн со голема неизвесност, а динамиката во индустриското и хемиското производство останува слаба, соопшти „BASF“.

Менаџерот на фондот Арне Раутенберг од „Union Investment“, кој е осми по големина акционер на „BASF“ според податоците на „Refinitiv“, во својот говор ги критикуваше перформансите на цената на акциите на компанијата и заостанувањето зад глобалниот хемиски сектор.

„Сметам дека „BASF“ повеќе не е репер за сè во хемикалиите. Вратете го бавниот танкер на патеката за „BASF“ повторно да стане успешна компанија на берзата“, рече тој.

Во февруари, Брудермилер објави нова програма за намалување на трошоците со која ќе бидат укинати 2.600 работни места ширум светот, од кои речиси две третини во Германија. Неколку енергетски интензивни постројки во фабриката во Лудвигсхафен ќе бидат затворени.

Речиси половина од инвестициите ќе бидат насочени кон Азија во следните неколку години. Во Кина, најголемата светска хемиска компанија во моментов гради нова фабрика во јужната провинција Гуангдонг за 10 милијарди евра.

„Рускиот напад врз Украина покажа колку брзо геополитичките кошмари можат да се претворат во реалност“, рече Раутенберг, мислејќи на конфликтот меѓу Кина и Тајван.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП