24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПремиера на редизајнираниот „Peugeot 2008“ (ФОТО/ВИДЕО)

Премиера на редизајнираниот „Peugeot 2008“ (ФОТО/ВИДЕО)

Во моментално најактивниот сегмент на европскиот пазар, еден од најважните играчи е „Peugeot 2008“, кој сега е обновен.

Вообичаеното дотерување во средината на животот редовно значи усогласување со актуелните дизајнерски трендови. Во случајот на овој модел, тоа е дизајн натпревар со понови модели како „308“ и ажурирани поголеми кросовери.

Напред се карактеристичните дневни светла во вид на лавовски канџи, но сега во верзија со три вертикални ленти.

Ова го прави „2008“ втор модел во опсегот што го усвои новиот потпис, по „508“ и „508 SW“.

Има и нов дизајн на бандажи со пречник до 18 инчи, што веќе го видовме кај „Peugeot 408“ и детали како црни лакирани куќишта на ретровизорите.

Во кабината доминира 10-инчен екран, кој сега станува стандарден во најниското ниво на опременост.

Подобро опремените верзии добиваат нов дигитален кокпит, а верзијата „GT“ добива и дигитална контролна табла со 3D ефект.

Основните верзии сепак ќе имаат аналогни индикатори, што можеби и не е толку лошо.

Во компанијата „Peugeot“ ги слушале коментарите на сопствениците, па работеле на детали кои ја олеснуваат секојдневната употреба.

На пример, инсталираа дополнителни „USB“ конектори за полнење на мобилни уреди, системот за безжично полнење има поголема моќност, а подобрена е и резолуцијата на камерите за помош при паркирање.

Најголемата иновација под хаубата е електричниот погон. Претходниот „е-2008“ стана „Е-2008“, што значи дека и овде свое место најде нов електричен погон со помоќен електромотор (156 ks) и поголема батерија (54 kWh).

Од компанијата велат дека и покрај поголемата моќност на моторот, потрошувачката на енергија е помала, а досегот е зголемен на над 400 km.

На почетокот на следната година ќе пристигне хибрид со бензински мотор од 136 ks, кој ќе има и до 15 отсто помала потрошувачка од сегашните бензински мотори.

Во понудата остануваат трицилиндрични со 100 и 130 ks, како и 1,5 дизел со 130 ks.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП