28 март, 2024
ПочетнаСВЕТНов хорор во белградско училиште: Поранешна ученичка избодела ученик и професорка

Нов хорор во белградско училиште: Поранешна ученичка избодела ученик и професорка

Поранешна ученичка со нож повредила ученик (15) и професорка која се обидела да ја спречи во тоа во приватното училиште „Руѓер Бошковиќ“ во Белград, пишуваат медиумите.

Нападнатите не се сериозно повредени.

Според медиумите, девојката донела кујнски нож.

Училиштето било евакуирано, а таа набрзо била уапсена.

Да потсетиме, вчера во Врачар момчето К.К. уби осум ученици и обезбедувач во основното училиште „Владислав Рибникар“.

Шест деца и наставничка со прострелни рани се во Ургентниот центар, односно на клиниката во Тиршова.

Малолетниот напаѓач К.К. и неговите родители се приведени, а на таткото на момчето му е одреден притвор до 48 часа.

Според информациите на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, момчето осомничено за кривичното дело е на посебно место, а ќе биде сместено во посебен дел од клиниката за невропсихијатрија.

Бидејќи К.К. на возраст под 14 години, според важечкиот закон, не може кривично да одговара.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП