27 април, 2024
ПочетнаСВЕТМомче од Бихаќ се закануваше со масакр во училиштето: „Ќе биде незаборавно,...

Момче од Бихаќ се закануваше со масакр во училиштето: „Ќе биде незаборавно, се колнам во животoт“

Младо момче со иницијали А. З. од Бихаќ на „Инстаграм“ се закани дека ќе изврши масакр сличен на оној што вчера се случи во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, пренесуваат медиумите во регионот.

Тој на својот инстаграм-профил напиша дека ќе ги убие учениците и наставните работници во економското училиште.

„Тоа момче што уби осум деца за мене е крал! Долго време подготвував такво нешто за економското училиште во Бихаќ. Ќе биде незаборавен масакр на Бихаќ, ви се колнам со мојот живот“, напиша тој.

Додаде: „Кога веќе сите знаете дека ме осудувате и избегнувате, тоа би било терор“.

Според написите, полицијата ја потврдува информацијата.

„Имаме информации. Информирано е и Обвинителството. Се работи за лице што ѝ е познато на полицијата. Не знаеме колку години има. Мислам дека е малолетник. Не знаеме дали некој го пријавил. Тоа го видовме на социјалните мрежи и потоа го проверуваме по службена должност“, изјави Бахрудин Џелалагиќ, портпарол на МУП на УСК, за порталот „Аваз“.

Поради заканата, се огласија и од мешовитата гимназија во Бихаќ.

Како што е соопштено, нема потреба од паника, а надлежните органи реагирале навреме.

Инаку, во средата околу 8.40 часот се случи напад во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“ кога ученик од седмо одделение уби осум деца и еден обезбедувач.

Ранети се уште шест ученици, како и професорка по историја. Две деца во моментот се во тешка состојба, а момчето, по сослушувањето, е префрлено на специјално одделение за невропсихијатрија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП