2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАGoogle штотуку ги УБИ ЛОЗИНКИТЕ: Пристигна сосема нов и побезбеден метод

Google штотуку ги УБИ ЛОЗИНКИТЕ: Пристигна сосема нов и побезбеден метод

Passkey е полесен и посигурен метод за пристап до сметка, кој на крајот ќе ги замени традиционалните лозинки.

Google штотуку објави дека официјално воведува Passkey, замена за лозинки што ќе го направи процесот на внесување на нашите сметки побрз и побезбеден. Компанијата веќе неколку години работи на замена на лозинките поради ранливоста на овој метод, на злоупотреба и фишинг, а Passkey се појави како одлично решение.

Passkey е всушност индустриски стандард, заеднички развиен од Google во соработка со FIDO Alliance и компаниите Apple и Microsoft и е дизајниран да работи на сите уреди кои се придржуваат до стандардот.

Passkey е истовремено полесен и побезбеден начин за пристап до сметката бидејќи ни овозможува да ги користиме истите методи како оние што се користат за отклучување на уредот – скенирање на отпечатоци од прст, препознавање лице или еден од другите достапни методи. Така, нема повеќе потреба од рачно внесување на лозинката и нашите сметки ќе бидат позаштитени отколку користењето на методот 2FA.

Ако сакате да користите Passkey, се што треба да направите е да ги посетите поставките на вашата сметка и потоа да ја изберете опцијата “Create a passkey”. Ако Google, како нас, автоматски ги користел вашите биометриски податоци, се што треба да направите е да кликнете на „Use passkeys“.

Иако Google објаснува дека passkey е создадена за да ги замени лозинките, тој е свесен дека транзицијата нема да се случи брзо, а традиционалните методи сè уште ќе бидат достапни за пристап до сметката.

Google е само една од компаниите што усвои поддршка за passkey, а најголема секако беше Apple, која го направи тоа по лансирањето на оперативниот систем iOS 16, односно iPadOS 16.1 и macOS Ventura.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП