Според руските медиуми, Украина во текот на ноќта лансирала два дрона кон Кремљ.
Операцијата насочена кон резиденцијата на претседателот Владимир Путин е „планиран терористички чин“, објави неговиот кабинет.
RT јавува дека нема жртви или материјална штета.
Инцидентот се случил во вторникот доцна навечер, а двата дрона паднале на теренот на Кремљ во Москва, соопшти кабинетот на Путин.
Русија го задржува правото да возврати на начин, место и време по сопствен избор, се посочува во соопштението.
„Сметаме дека ова е однапред испланирана терористичка акција против рускиот претседател“, се додава. Инцидентот се случил „во пресрет на Денот на победата и парадата на 9 мај, кога планираат да присуствуваат странски гости“, се вели во соопштението.