4 јули, 2025
ПочетнаСВЕТШест деца се убиени во масакрот во училиштето во Србија: „Ми ги...

Шест деца се убиени во масакрот во училиштето во Србија: „Ми ги уби двајцата другари, лежев врз нив да помисли дека сум мртов“

Четиринаесетгодишниот ученик Коста Кечмановиќ, кој упадна во училиштето „Владислав Рибникар“ во Врачар, Белград, убил најмалку шест лица, а неколкумина се повредени.

Пукањето се случило околу осум часот кога Коста К. влегол во училиштето и почнал по случаен избор да пука во соучениците со оружје на својот татко.

Пред училишната зграда има видно вознемирени деца, но и нивните родители.

„Ми ги уби двајцата другари, легнав врз нив да помисли дека сум мртов“, вели ученик за пукањето во училиштето во Врачар.

Загинаа најмалку шест деца, а неколкумина се повредени.

Три деца се хоспитализирани на Детската универзитетска клиника, две се стабилни, а едно дете е во критична состојба.

Според неофицијални информации, повеќе од десет ранети деца се пренесени на Ургентниот центар.

Првиот ранет бил чуварот, кој набргу по пукањето починал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар