27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВитаминка Прилеп со позитивни финансиски резултати за првиот квартал

Витаминка Прилеп со позитивни финансиски резултати за првиот квартал

П.И “Витаминка” АД Прилеп за периодот Јануари – Март 2023 година оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот единечен Биланс на успех.

Вкупни приходи

Остварените единечни вкупни приходи во првото тромесечје од 2023 година изнесуваат 826,281 илјади денари и во споредба со остварените за истиот период во 2022 година бележат незначителен пад од 0,78%. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 99%, имаат приходите остварени од продажба на производи и услуги од основна дејност, кои во споредба со остварените во 2022 година се помали за 0,78%.

Вкупни расходи

Остварените единечни вкупни расходи во првото тромесечје од 2023 година изнесуваат 805,601 илјади денари и во споредба со остварените за истиот период во 2022 година бележат намалување од 4%. Висината на вкупните расходи е во корелација со работењето во првото тромесечје од 2023 година.

Во извештајниот период е остварена добивка по оданочување во висина од 5,598 илјади денари, која во споредба со добивката за истиот период од минатата година е намалена за 60%.

Во првото тромесечие од 2023 година се преземени соодветни активности во поглед почитување на мерките за продажба на сончогледово масло за јадење. Трендот на вкупниот приход на друштвото не е лош, но сепак неблагодарно е да се предвидува во услови на голема макроекономска нестабилност. Воениот конфликт во Украина, умерената инфлација и геополитичката состојба и понатаму е непозната. Оперативниот тим на друштвото води посебна грижа за готовинскиот тек.

Раководството на Друштвото внимателно ги разгледува тековните пакет мерки донесени од Владата со цел амортизирање на негативните ефекти на континуираното деловно работење, предизвикани од воениот конфликт во Украина. Компанијата внимателно ја планира својата тековна ликвидност и оперативните активности кон новонастанатата ситуација.

Финанскискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП