26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАSamsung им забрани на дел од вработените да користат ChatGPT

Samsung им забрани на дел од вработените да користат ChatGPT

Samsung Electronics објави дека им забранил на некои од своите вработени да користат алатки за вештачка интелигенција како ChatGPT, откако беа пријавени внатрешни случаи на злоупотреба на технологијата.

Големите компании, вклучително и Goldman Sach, во последните месеци ја забранија или ограничија употребата на платформи за вештачка интелигенција.

Платформата ChatGPT, дизајнирана од калифорниската стартап компанија OpenAI, се појави во ноември и брзо стана популарна поради неговата способност јасно да одговара на тешки прашања, да пишува сонети или некој компјутерски код.

Забраната на Samsung се однесува на вработените во неговиот оддел за мобилни и апарати за домаќинство, изјави за AFP неименуван претставник на Samsung.

Во интерен документ што го виде AFP, се вели дека Samsung работи на изнаоѓање начини за користење на услугите на вештачката интелигенција во „безбедна средина за вработените за подобрување на работната ефикасност“.

„Додека тие нови мерки не бидат подготвени, привремено ја забрануваме употребата на услуги од вештачка интелигенција на компјутерите во сопственост на компанијата“, се додава во документот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП