2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПобарувачката за „рент-а-кар“ придонесе „Hertz“ да ги надмине резултатите

Побарувачката за „рент-а-кар“ придонесе „Hertz“ да ги надмине резултатите

Финансискиот извештај на „Hertz Global Holdings Inc.“ ги надмина проценките на аналитичарите за првиот квартал, откако компанијата објави посилни изнајмувања на автомобили.

Побарувачката за изнајмување автомобили останува стабилна бидејќи повеќе компании ги враќаат вработените на работа од канцеларија, а луѓето не се плашат да планираат одмор по укинувањето на ограничувањата поради коронавирусот.

„„Hertz“ објави резултати подобри од очекуваните бидејќи продолжува да има корист од силната побарувачка на потрошувачите за патувања и континуираното закрепнување на деловните патувања“, рече аналитичарот на „Tigress Financial Partners“, Иван Фајнсет.

Компанијата објави прилагоден нето приход за кварталот од 39 центи по акција, што ја надмина прогнозата од 21 цент по акција меѓу аналитичарите анкетирани од „Refinitiv“.

Во меѓувреме, вкупните приходи на „Hertz“ се зголемија за 13 отсто на 2,05 милијарди долари, надминувајќи ги очекувањата од 2,033 милијарди долари.

Компанијата, исто така, имаше корист од зголемувањето на цените за изнајмување во еден правец поради прекините на летовите во САД минатата година, бидејќи повеќе луѓе се одлучија да изнајмуваат возила.

Побарувачката за лизинг услуги на „Hertz“ беше помогната и од електричните понуди во возниот парк на компанијата, бидејќи потрошувачите кои сакаат да купат автомобил со алтернативен погон избраа такви возила.

„Hertz“, кој изнајмува возила на „Tesla Inc.“, ја зголемува својата електрифицирана флота во последните неколку години како дел од својата стратегија за промовирање на зелен транспорт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП