Бројот на загинати во ракетните напади во раните утрински часови на станбени згради и куќи во Украина се искачи на 18. Во станбена зграда на девет ката во Уман, која беше погодена од руска крстосувачка ракета, бројот на загинати се искачи на 16, додека 31- годишна жена е убиена во напад на куќа во Днепар и нејзината двегодишна ќерка.
„Урнатините во Уман се уште се чистат. Веќе има 13 загинати. Меѓу нив има и две деца кои не можеме да ги идентификуваме. Судбината на нивните родители не е позната. Спасувачите ќе работат додека не се уверат дека никој нема под урнатините“, најави Зеленски. По неговото соопштение министерството за внатрешни работи соопшти дека во зградата во Уман загинале 16 цивили.

